fbpx

Полициски билтен:повреден мотоциклист, ограбен жител на Баница

 Полициски билтен:повреден мотоциклист, ограбен жител на Баница

На 11.04.2021 во 19:45 часот на кружен тек од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Крушевска Република“ во Струмица, мотоцикл „фости“ без регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

На 11.04.2021 во 22:15 часот во Полициската станица Струмица, Џ.М.(51) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 20.00 часот на улица во село Баница бил физички нападнат од М.В., Т.В. и уште едно лице, при што му одзеле пари.

Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link