fbpx

Полициски билтен:повредени двајца работници, се заканувал со остар предмет,гром удрил во викендичка,син нападнал татко

 Полициски билтен:повредени двајца работници, се заканувал со остар предмет,гром удрил во викендичка,син нападнал татко

На 02.07.2024 во СВР Струмица било пријавено дека околу 10.00 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица двајца вработени во комунално претпријатие се здобиле со повреди при извршување на работни задачи, по што биле пренесени во здравствена установа за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 02.07.2024 во 15.40 часот во село Чалакли, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода Џ.А.(31) од село Чалакли, постапувајќи по претходна пријава дека тој околу 13.30 часот во селото, при расправија со Н.А., ѝ се заканувал со остар предмет. Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање н случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.07.2024 година во 18.07 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека по удар од гром настанал пожар во викенд куќа покрај патот Гевгелија – Богданци, во близина на раскрсница на село Ѓавато. Од страна на ТППЕ Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 02.07.2024 во 19.00 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш лишиле од слобода 24-годишен радовишанец, постапувајќи по претходна пријава дека тој околу 16.30 часот во Радовиш физички го нападнал неговиот татко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link