Загина возач на камион кај Гевгелија
СВр Струмица соопшти дека синоќа во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од село Стојаково, општина Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт. Другиот возач С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.