fbpx

Полициски билтен:пожар во вaландовско, физички напад во Мрзенци, приведеном лице за издржување затворска казна

 Полициски билтен:пожар во вaландовско, физички напад во Мрзенци, приведеном лице за издржување затворска казна

На 20.06.2024 во 13.30 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на место викано „Сува река“, атар на с.Чалакли, валандовско, настанал пожар во кој биле опожарени насади со родни дрва. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Валандово, а повредени лица нема. 


На 19.06.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Д.(38) од Гевгелија пријавил дека околу 15.30 часот во село Мрзенци, гевгелиско, бил физички нападнат од Г.А. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 21.06.2024 во 06.20 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле Џ.Д.(28) од Радовиш, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Share via
Copy link