fbpx

Полициски билтен:приведен радовишанец за издржување затворска казна, фатени дрвокрадци, физички напад во Марвинци

 Полициски билтен:приведен радовишанец за издржување затворска казна, фатени дрвокрадци, физички напад во Марвинци

Вчера во 22:20 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш го , лишиле од слобода Б.Б. (21) од Радовиш за кого била распишана потерница за издржување затворска казна во траење од 14 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Во 23:30 часот лицето е спроведено во Затвор Струмица.

На 04.02.2021 година во времето од 06.00 до 14.00 часот при координирана акција помегу полициски службеници од Полициска станица Радовиш и вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница Радовиш на две локации, една на место викано „Еланица“ на планина Плачковица и на место викано „Градска река“ радовишко биле затекнати пет запрежни возила управувани од С.Ф. (40), Б.А. (30), Б.Б. (52), М.Ф. (40) и С.Б. (30) сите од Радовиш, на кои лицата превезувале вкупно 4.4 м/3 бесправно исечени огревни дрва
Запрежните возила со дрвата се одземени и пренесени во кругот на ЈП „Национални шуми“ подружница Радовиш, а по документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави

На 04.02.2021 година во 08.45 часот во Полициска станица Валандово А.М. (32) од село Удово пријавил дека околу 06.00 часот во село Марвинци бил физички нападнат од С.С. (52) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04.02/05.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 37 лица не ја почитувалe, од кои 12 во Радовиш, 10 во Валандово, 8 во Струмица и 7 во Гевгелија и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link