fbpx

Полициски билтен:сопатници повредени во сообраќајка во Валандово,физички напади во Стар Дојран, струмичко и Валандово

 Полициски билтен:сопатници повредени во сообраќајка во Валандово,физички напади во Стар Дојран, струмичко и Валандово

На 24.06.2024 во 13.00 часот во ОВР Валандово М.Т. (61) од Валандово пријавил дека околу 12.00 часот на плоштадот во Валандово бил физички нападнат од С.Т. (63) од село Миравци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.06.2024 во 12.00 часот во ПС Струмица 26-годишна жителка на струмичко село пријавила дека околу 09.30 часот била физички нападната од нејзиниот свекор. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.06.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на улица „Првомајска“ во Валандово патничко возило „опел корса’’ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ѓ.А.(29) од Штип, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник. Повредите биле констатирани во болницата во Валандово. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

На 24.06.2024 во 18.00 часот во Полициско одделение Нов Дојран Г.З.(49) од село Смоквица, гевгелиско, пријавил дека околу 15.30 часот во Стар Дојран бил физички нападнат од А.С. од Стар Дојран. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link