fbpx

Полициски билтен:уапсени двајца крадци од Радовиш, физички напад во Струмица

 Полициски билтен:уапсени двајца крадци од Радовиш, физички напад во Струмица

На 28.09.2023 во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило на подрачје на Радовиш, како и една „кражба“ и едно одземање на моторно возило на подрачје на Струмица. Кај него биле пронајдени возило и други предмети, кои ќе бидат вратени на сопствениците.
Е.Б. бил задржан во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.09.2023 во Полициската станица Радовиш бил задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој бил лишен од слобода на подрачје на Охрид по барање и телеграма на Полициската станица Радовиш, а кој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.09.2023 година во 17.25 часот во Полициската станица Струмица К.Д. (26) од село Радово, струмичко, пријавил дека околу 16.30 часот на ул. “Маршал Тито” во Струмица, пред сервис за гуми, бил физички нападнат од В.И. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link