28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш
Полициски билтен:велосипедист и мотоциклист потешко повредени по излетување од патот
На 09.07.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од Струмица кон село Попчево, струмичко, Н.К.(30) од Струмица, управувајќи велосипед, изгубил контрола и излетал надвор од патот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 09.07.2025 во 21.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локален пат кон село Бучим, радовишко, 14-годишен малолетник од с:Бучим, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.