Полициски билтен:во Мокриево во пожар изгореле јапонски јаболка, круши и костени, кај Чалакли пожар на автомобил зафатил нива со тутун

На 14.07.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во атар на село Мокриево, струмичко. Од страна на ТППЕ Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 15.07.2026 бил извршен увид од страна на инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на СВР Струмица, при што било утврдено дека од пожарот се опожарени ниви засадени со јапонски јаболка, круши и костени.
На 15.07.2026 во 22:00 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на општински пат кон село Чалакли, валандовско, настанал пожар на патничко возило „голф“ со валандовски регистарски ознаки, во движење, управувано од Е.Ш.(30) од село Башибос, валандовско. Од пожарот била зафатена и нива засадена со тутун, лоцирана покрај патот. По интервенција на ТППЕ Валандово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Фото: илустрација архива