Пожарот кај Бајково на Огражден е под контрола, екипи дежураат да не дојде до повторно разгорување

 Пожарот кај Бајково на Огражден  е под контрола, екипи дежураат да не дојде до повторно разгорување

Шумскиот пожар кој завчера попладне избувна кај селото Бајково, на Огражден денеска е ставен под контрола, но екипи дежураат да не дојде до повторно разгорување, информираа од ТППЕ Струмица.

Местото на пожарот го контролираат екипи на ТППЕ Струмица и ЈП „Македонски шуми“, но заради жаришта внатре во опожарениот простор и ветрот тие контролираат да не дојде до повторно активирање на пожарот.

Инаку, пожарот кај Бајково зафати ниска вегетација и мешана шума, а најкритично беше завчера кога огнените јазици се закануваа да проголтат црквата „Св. Апостол Петар и Св. Апостол Павле“ во Бајково.

Фото; фб Кире Михаилов

Share via
Copy link