Здрава котлина: ВЛАДАТА МОРА ВЕДНАШ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКИТЕ ЗА ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА!

 Здрава котлина: ВЛАДАТА МОРА ВЕДНАШ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКИТЕ ЗА ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА!

Интегрален текст од објавата на Здружението „Здрав котлина“

Денес заедно со О2 Иницијатива и уште 24 граѓански организации, поднесовме барање до Влада за поништување/ставање вон сила на двете Одлуки за започнување на постапка за доделување на концесија за вршење на проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини во 29 општини во Источна Македонија и поништување на соодветните јавни повици.

Само од 2004 година наваму, просторот во најголемиот број од овие општини е истражен за металични минерални суровини. 100% од Пробиштип, 100% од Делчево, 100% од Карбинци, 97% од Пехчево, 94% од Чешиново-Облешево, 89% од Кратово, 87% од Зрновци, 87% од Виница, 86% од Радовиш, 85% од Берово, 72% од Штип, 51% од Старо Нагоричане, 44% од Кочани, 43% од Свети Николе, 25% од Македонска Каменица, 22% од Василево, 19% од Куманово, 10% од Валандово…

Законот за минерални суровини НЕ ДОЗВОЛУВА да се вршат проспекциски геолошки истражувања на истражени простори, простори за кои се води постапка по иницијатива за доделување на концесии за детални геолошки истражувања, веќе доделени простори под концесии за вршење на детални геолошки истражувања, концесии за експлоатација на минерални суровини.

Одлуките на Влада за нови концесии за проспекциски истражувања за металични минерални суровини на простор што се преклопува со законски исклучени површини ја прави постапката несогласна со Законот за минерални суровини и од тие прични Одлуките мора да се поништат, како и јавниот повик.

Share via
Copy link