fbpx

Пожарникарите гаснеа пожар на депонијата кај Ново Село

 Пожарникарите гаснеа пожар на депонијата кај Ново Село

Вчера околу 16:00 часот избувнал пожар кај депонијата во Ново Село. ТППЕ Струмица со 2 против пожарни возила и 6 пожарникари-спасители веднаш излезе на лице место и презеде мерки најпрво да го спречи ширењето на пожарот на околните ридови а после тоа кон гаснење на истиот.

-Гаснењето на овие пожари е исклучително тешко поради големата количина на различен отпаден материјал. Секоја запалена депонија го загадува воздухот со токсични канцерогени материи. Освен за воздухот, овие депонии се ризик за почвата и водите, а шират и зарази. Депониите некогаш се опожаруваат од самиот отпад, но во многу случаи се намерно запалени, стои во објавата на струмичките пожарникари.

Фото: архива

Share via
Copy link