fbpx

Пожарникарите утрово гаснеа запалена помошна просторија од погон во Колешино

 Пожарникарите утрово гаснеа запалена помошна просторија од погон во Колешино

Денеска во 08:45 часот во село Колешино, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена помошна просторија во производствен погон. Благодарение на навремената дојава и брзата интервенција, пожарот е целосно локализиран и ликвидиран во 09:27 часот.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link