Пронајдени неексплодирани убојни средства на границата со Грција, во гевгелиско
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена дојава за пронајдени стари неексплодирани убојни средства (НУС), кај село Моин, Општина Гевгелија, во близина на границата со Република Грција, и веднаш е известен пиротехничар од ДЗС Струмица за безбедно да се отстранат опасните стари неексплодирани убојни средства.
Се препорачува на граѓаните кога ќе најдат НУС од минатите војни, да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК за нивно безбедно неутрализирање според стандардни оперативни постапки.