„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Познат идентитетот на удавениот маж во Дојранско Езеро
МВР соопшти дека денеска во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило. Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско.
Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето.
Фото: архива