„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Познат составот на новата Влада предводена од Зоран Заев
Централниот одбор на СДСМ вечерва ја одржа 16-тата седница на која се донесоа важни одлуки за идното функционирање на партијата, но и за прашања поврзани за составот на новата Влада предводена од СДСМ.
Членовите на ЦО донесоа одлука за усвојување на договор за коалицирање со политичката партија ДУИ. Со овој договор за коалицирање обезбедено е Парламентарно мнозинство и нова Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги реализира програмските определби и принципи околу кои сме обединети.
Владата е предвидено да има 19 министри и премиер, наместо досегашните 26 министри и премиер. Бројот на ресори е намален за 7 министри.
На вечерашната седница ЦО ги прифати предложените кандидати за министри на новата Влада. СДСМ од своите редови како свои предлози номинира:
потпретседател на Владата за борба против криминал и корупција, за одржлив развој и човечки ресурси – Љупчо Николовски;
потпретседател на Владата за европски политики – Никола Димитров;
потпретседател на Владата за економски политики – Фатмир Битиќи;
министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
министер за одбрана – Радмила Шекеринска
министер за здравство – Венко Филипче
министер за образование и наука – Мила Царовска
министер за транспорт и врски – Благој Бочварски
министер за култура – Ирена Стефоска
министер за правда – Бојан Маричиќ
министер за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Истовремено од редовите на коалицијата Можеме за коалиционите партнери од коалицијата Можеме се дадени ресорите земјоделијe кај БЕСА и министерот за локална самоуправа даден на коалициониот партнер ЛДП.
Претходно ДУИ ги соопшти имињата на пет од шестте министри во идниот кабинет. Останува дополнително да се одлучи дали Ширет Елези ќе го води министерството за информатичко оптество и администрација.
Фатмир Бесими е новиот министер за финансии, Бујар Османи е шеф на дипломатијата а Артан Груби е прв вицепремиер и министер за политички систем. Крешник Бектеши останува во економија како и Насер Нуредини кој ќе продолжи да го води министерството за животна средина.