fbpx

Прегазен пешак во Нов Дојран

МВР соопшти дека вчера во 21:10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на улица„Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Фото: архива

Share via
Copy link