fbpx

Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана

 Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана

Денеска полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Share via
Copy link