Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Спасовски во посета на СВР Струмица и на средба со градоначалникот Костадинов
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реализираше работна средба со раководството на СВР Струмица. На средбата беше утврдено дека Секторот за внатрешни работи како минатата година така и во текот на овие три месеци од 2022 година покажува респектабилни резултати што се должи на генералните заложби за поквалитетно и поефикасно функционирање на полицијата.
На средбата министерот Спасовски напомена дека СВР Струмица минатата година на ниво на вкупниот криминалитет има остварено ефикасност од 43 проценти и реализација од 76 проценти. Министерот истакна дека како резултат на реализираните заложби за континуирано унапредување на професионалните стандарди на полициското работење, се бележи намалување на вкупниот број на регистрирани кривични дела, и тоа за 672 кривични дела помалку отколку во 2020 година, или во процент намалување на вкупниот број на сторени кривични дела за 35,2 проценти.
Во 2022 година СВР Струмица продолжи со одличните резултати особено во делот на недозволената трговија со дрога со заплена на околу 280 килограми опојна дрога марихуана, додека жртвите во сообраќајот во 2021 година споредбено со 2020 година се намалени за 50 проценти, потенцираше Спасовски.
Во рамки на денешната посета на Струмица министерот Спасовски оствари и работна средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. На средбата беше констатирана досегашната одлична соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, особено во делот на функционирањето на Локалниот совет за превенција. Градоначалникот Костадинов ја истакна успешната соработка со СВР Струмица, при што го нагласи позитивното влијание на засилените акциски контроли со делот на сообраќајот на територијата на Струмица.
При денешната посета министерот Спасовски напомена дека токму градот Струмица ќе биде една од петте локации на којашто ќе се одвиваат дел од планираните свечени активности по повод годинешното одбележување на Денот на полицијата – 7 Мај