Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, соопштија денеска од МВР.
Имено, на 09.08 2022 А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.
Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.