fbpx

Приведени крадци во Струмица, кај нив пронајдени украдени предмети

 Приведени крадци во Струмица, кај нив пронајдени украдени предмети

Вчера во 10:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, струмичко, соошштија денеска од МВР.

Тие се сомничат дека ноќта на 23.09.2023 извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети кои ги одзеле при вршење на кривичното дело.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link