„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Приведени разбојници во Струмица
Вчера во 14 часот и денеска во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од село Три Води, струмичко, соопштија денеска од МВР.
Тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05.00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од село Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари.
Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.