Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Приведени тројца крадци од Прилеп за тешки кражби во Струмица
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера приведоа три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби“. На 03.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите на М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба” извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари.
По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.