Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Привршува изработката на Програмата за развој на Југоисточниот регион за наредниот четиригодишен период
Вчера на онлајн платформата ЗООМ се одржа Финална Конференција на којашто беше претставена работната нацрт верзија на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024.
На конференцијата учествуваа градоначалниците – членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, претставници на Министерство за локална самоуправа, претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор).
Финалната Конференција со воведно обраќање ја отворија Коста Јаневски, претстедател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Ѓуркова во поздравниот говор истакна дека Програмата за развој на ЈИПР претставува еден од најзначајните документи не само за Центарот туку и за сите општини, граѓански организации како и бизнис секторот во регионот и појасни дека истата ќе биде целосно усогласена со Националната Стратегија за регионален развој, а ќе биде усвоена од страна на Советот на ЈИПР по претходна сосгласност од Советот за рамномерен регионален развој на РСМ.
Од страна на експертскиот тим беше презентирана нацрт верзијата на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, целиот процес на изработка на Програмата, вклученоста и придонесот на засегнатите страни, продуктивноста и работата на изминатите работилници за изработка на Програмата, како и активностите кои се реализираа меѓу сесиите.
Конференцијата заврши со плодна дикусија, каде градочалниците од регионот и сите засегнати страни имаа можност за искажување забелешки, сугестии, коментари и пофалби во однос на презентираниот среднорочен документ на Југоисточниот плански регион.
-Програмата за развој на ЈИПР е доста опсежно и темелно направена и во иднина со сите релевантни фактори и засегнати страни ќе се бориме предложените стратешки цели да добијат едно поголемо значење со надеж дека Југоисточниот плански регион ќе добие поголем процент во распределбата на средства за регионите. Сметам дека пред нас има уште многу предизвици, особено во делот на инфраструктура и се надевам дека сите заедно ќе успееме дел од тие предизвици да ги оствариме во наредниот период,истакна на крај Коста Јаневски, претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.
Процесот на подготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.