„Комуналец“ го чисти поројот на „Крушевска Република“
Екипа од Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец“ започна со редовното зимско чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“.
Со ова акција се сече и се отстранува исушената вегетација и се чисти од разновиден отпад фрлен во него.
Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои живеат покрај каналот , својот отпад да не го фрлаат во него туку да се обратат во Центарот за грижа на корисници на телефонски број 13-110 кој работи 24 часа, а на кој сите граѓани можат да ги пријавуваат сите дефекти на водоводната и канализационата мрежа, како и проблемите од јавна чистота. На овој број можат да се јават и сите граѓани кои имат потреба од подигање на шут, градежен отпад, гранки од дрвја и друг цврст отпад.