Радовишанец уапсен за предизвикување општа опасност и тешка кражба

 Радовишанец уапсен за предизвикување општа опасност и тешка кражба

МВР соопшти дека завчера во 21:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела.

Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор признал дека сторил едно кривично дело „предизвикување општа опасност“ на подрачје на Радовиш и две кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Штип.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на случаите против А.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share via
Copy link