fbpx

Расчистено разбојништво во Гевгелија, приведени две лица, одземеното вратено на сопственичката

 Расчистено разбојништво во Гевгелија, приведени две лица, одземеното вратено на сопственичката

МВР соопшти дека Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“.

Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија.

По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. 

Share via
Copy link