„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Струмица: 30 нови и 25 оздравени
Во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 918• Битола – 198• Прилеп – 98• Куманово – 65• Кавадарци – 55• Охрид – 49• Штип – 42• Гевгелија и Радовиш – по 33• Струмица – 30• Велес – 28• Тетово, Кичево и Крушево – по 26• Неготино и Валандово – по 21• Гостивар и Кочани – по 18• Свети Николе – 15• Ресен – 14• Струга – 12• Делчево и Берово – по 10• Пробиштип – 9• Крива Паланка – 8• Македонска Каменица – 7• Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5• Виница и Кратово – по 4• Демир Хисар и Пехчево – по 3• Дојран – 2• Дебар – 1 Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица:
2 починати лица од Делчево (70г и 77г) и едно починато лице од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе 4 лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022г. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од:
• Скопје – 406• Охрид – 43• Битола – 37• Прилеп – 31• Кавадарци – 30• Струмица – 25• Куманово и Велес – по 14• Гевгелија – 11• Штип – 7• Радовиш, Неготино и Ресен – по 6• Кичево и Струга – по 5• Делчево – 4• Кочани и Берово – по 3• Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2• Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478