fbpx

Разбојништво во продавница во Ново Село, пукано во сопружници

 Разбојништво во продавница во Ново Село, пукано во сопружници

Синоќа околу 02:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско. Тој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46).

Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури.

По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link