„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Реализирана кампања „Вози одговорно!!! Вози одморен!!!“
Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција, а во партнерство со РСБСП и млади волонтери во РСБСП, вчера, на релација Струмица – Граничен Премин „Ново Село“ на магистралниот пат А4, ја реализираше летната кампања – 2021 која се одвива под мотото: „Вози одговорно!!! Вози одморен!!!“.
Целта на летната кампања е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста кај возачите како учесници во сообраќајот за влијанието на високите летни температури и на заморот на способноста за управување на моторно возило.
Апелираме до возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и да прават почести паузи, бидејќи сообраќајните незгоди кои се последица на заморот можат да завршат фатално.