На 11.02.2024 во 11:40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Шопковица, радовишко, настанал пожар во две викенд куќи и два помошни објекти, соопштија од МВР. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. Фото: архива
Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19:00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш, соопоштија денеска од СВР Струмица. Денеска во просториите на Полициската станица Радовиш […]
Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш денес со пригодна свеченост ја одбележа 66 годишнината од основањето и постоењето. На свеченоста, со музичка содржина настапија членови на музичката секција при ООУ ,,Крсте Петков Мисирков” од Радовиш предводени од професор Александар Ицов, а со сценски драмски приказ насловен како ,,Т’га за југ” се претстави и драмската секција при […]
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот. Овој проект е имплементиран од страна […]
Завршија градежните работи за изградбата на локален пат – обиколница во должина од 905,66 м во општина Радовиш, кои се дел од проектот „Туризмот – иднината на регионот“, информираа денеска од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Изградбата на локалниот пат во должина од 905,66 м, кој ќе ги поврзува сите патни правци со […]
На 04.07.2023 во 13.20 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 05.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од 8 станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија. По интервенција […]
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отвори Меморијалниот фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на припадниците на МВР, хероите: Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев. Министерот Спасовски предводејќи делегација од МВР положи цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители Готак, Соколов и Крстев. „Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. […]
Од 15 до 17 овој месец во Радовиш се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“. Фестивалот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Фолклорниот ансмбл „Китка“. Во манастирскиот комплекс „Свeти Ѓоргија“, по осумнаесетти пат беше одржан меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“, а учествуваа вкупно 18 фолклорни ансамбли […]
Честитајќи им на постигнатите успеси и посакувајќи им уште поголеми достигнувања, денес во салата на Советот на општината, градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/23 година. Оваа година се доделија вкупно 26 стипендии на талентирани […]
Радовиш ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација„Самун ем Татлија“ И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура„Ацо Караманов“ , посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекраснапрограма исполнета со разни жанрови и содржини. На традиционалната гурманска манифестација „Самун […]