fbpx

Седуммина повредени во физичка пресметка на патот Радовиш-планина Плачковица

 Седуммина повредени во физичка пресметка на патот Радовиш-планина Плачковица

СВР Струмица соопшти дека на 26.07.2024 во 11:15 часот во СВР Струмица, С.Д.(20) од Радовиш пријавил дека околу 11:00 часот на регионален пат Радовиш-планина Плачковица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

Во пресметката со тешки телесни повреди се здобил М.Ш.(39) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле А.Ш.(42), С.Ш.(39), Н.Ш.(25), Е.Ф.(18), А.Ф.(24) и Е.Г.(37), сите од Радовиш, констатирани во Медицински центар Штип.

Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link