fbpx

Шахпаска: Згрижувачко, еднородителско семејство e исклучителен пример за хуманост

 Шахпаска: Згрижувачко, еднородителско семејство e исклучителен пример за хуманост

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура.

Наталија згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шест годишна возраст.

За тоа колку е успашна приказната за згрижување на деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече дека се уверила на лице место, бидејќи децата ја добиваат целокупната грижа за нивното здравје, љубов, внимание, воспитување, подготовка за влез во образовниот систем.

„Згрижувачкото, еднородителско семејство кое денес го посетив во Општина Радовиш навистина има импресивни услови за грижа на децата. Љубовта која ја добиваат децата се чита од нивните весели и насмеани лица. Тие се неверојатно прилагодени кон нивната згрижувачка, а условите кои таа им ги обезбедува говорат за нејзината посветеност децата да имаат правилен раст и развој. Ги поттикнуваме и останатите граѓани во нашата земја да се пријават во системот на згрижувачи, со една единствена цел, на што поголем број деца без родители или родителска грижа, да им се обезбеди дом и семејство во облик најблизок до биолошките семејства“, рече министерката Шахпаска.

Со цел зголемување на бројот на згрижувачи во Скопје и во Битола отворени се Центри за поддршка на згрижувачки семејства.  Во Скопје, Центарот функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“ и опфаќа 181 згрижувачко семејство со околу 326 корисници. Вториот Центар, во Битола, е дел од Јавната установа „Дом за доенчиња и мали деца“ каде што стручна поддршка добиваат 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници.

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита, и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства.

Во Република Северна Македонија во моментов има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца.

Share via
Copy link