Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Шестмина позитивни на Ковид-19 се обиделе да ја напуштат државата
Во период од 17-26 овој месец од страна на Секторот за контрола и истраги и Царинските службеници на Ц.И. Аеродром патнички, евидентирани се шест нови случаи на КОВИД-19, позитивни патници кои се обиделе да ја напуштат државата, информираа од Царинската управа.
Патниците се евидентирани во системот РАВИО на Царинската управа кој се користи за автоматско следење и стопирање на лица кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата и истите имаат активно решение за изолација издадено од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ.
Системот за контрола на патници-РАВИО е директно поврзан со Регистарот на EXIM на лица позитивни на Covid 19 за кој се одговорни службите од ДСЗИ при што по добиената нотификација овие лица се спречени да ја напуштата земјата и се ставени во изолација според здравствените протоколи.