fbpx

Сончево и многу топло, попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Од УХМР најавуваат дека попладне особено во планинските региони ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Минималната темература ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, а максималната ќе достигне 39 Целзиусови степени.

Во Струмица и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени.

Share via
Copy link