„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Соопштени наградите на 16. „Астерфест“
ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА (ГРАН ПРИ)
– Најдобар краток игран филм – ВДОВИЦАТА САВЕРИНИ на Лоик Гајар (Франција)
Визуелно елегантно, придружено со реалистична глума, ја нурнува публиката во минатото и изнесува на виделина одлуки кои мора да бидат направени во секојдневниот живот.
СРЕБРЕНА ПОТКОВИЦА
– Најдобар краток документарен филм – НАЈДОБРИОТ ГРАД ВООПШТО НЕ Е ГРАД на Кристоф Шварц (Австрија)
Естетски волшебно во секоја секвенца, таму каде што луѓето се борат за она што е најдобро: екологија, економија или религија.
БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА
– Најдобар краток анимиран филм – МИНУВАЧОТ на Питер Кудизер (Белгија)
Исклучителен начин на раскажување приказна и давање на знаење дека понекогаш судбината е неправедна. Пример кој може да се раскаже само со користење на бои и уникатна анимациска техника.
Награда „Ацо Алексов“ за најдобар автор
– МИРОТ НА НАШАТА БОГОРОДИЦА на Владимир Перовиќ (Црна Гора)
Прекрасно снимено, со неверојатен звучен дизајн, прикажувајќи многу повеќе од животот на црквата. Психолошка студија за модерниот туризам, којашто е целосно дигитализирана.
Награда „Ѓорги Абаџиев“ за најдобро сценарио
– ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ БЕЗ КОСМОСОТ на Константин Бронзит (Русија)
Прекрасно сценарио за анимација, но со многу чувство на љубов кон идниот човек, чиишто избори во животот понекогаш тешко можат да се разберат и проголтаат.
Жири на 16-тиот „Астерфест“: Ено Милкани, Панајотис Краварис, Јулија Милкова
Струмица, 15.8.2021 година