Вечер во Амфитеатарот во 20:30 часот ќе има проекција на „ЗВУЧЕН КАФЕЗ“, во чест на лауреатката Каталин Ладик. Тоа е воедно последниот настан на овогодишниот, 18-ти Астерфест. Овој унгарски едночасовен документарен портрет е во режија на Корнел Силаги (Игор Бухаров). Проекцијата ќе има повремена музичка придружба на акустична гитара во изведба на Георги Трајков.
Tags : Астерфест
Жирито во состав: Гоце Ристовски (писател и универзитетски професор), д-р Дрита М. Фазлија (филмски продуцент и универзитетски професор) и Мили Чумиќ (филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија), по опстојна расправа за сите 23 филмови во официјалната конкуренција прикажани на 18-тиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, донесе едногласна О Д Л У К А Наградата „Златна потковица“ се доделува на филмот […]
-Нашата Струмица од вечерва е во филмска магија благодарение на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ кој годинава го доживува своето 18-то издание, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Да имаше фестивалов човечки особености, тогаш вечерва ќе ја славевме неговата полнолетност, а во овие пет фестивалски денови „Астерфест“ ќе го полагаше својот испит на зрелоста. Но, по […]
Од 4 до 8 август, во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ […]
Официјалното жири на 17-тиот „Астерфест“ во состав: Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл и Столе Ангелов, донесе одлука и подготви образложение за наградите за кусометражните филмови во компетитивната програма. Златна потковица – СВЕДОК на Али Азгари (Иран / Франција) Во реалноста, пред нашите очи се случуваат настани и се менуваат сликите на животот во еден […]
Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Лауреат на наградата Астер за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби […]
17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани. Во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции. За отворањето на 5-ти […]
ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА (ГРАН ПРИ) – Најдобар краток игран филм – ВДОВИЦАТА САВЕРИНИ на Лоик Гајар (Франција) Визуелно елегантно, придружено со реалистична глума, ја нурнува публиката во минатото и изнесува на виделина одлуки кои мора да бидат направени во секојдневниот живот. СРЕБРЕНА ПОТКОВИЦА – Најдобар краток документарен филм – НАЈДОБРИОТ ГРАД ВООПШТО НЕ Е ГРАД на […]
Шеснаесеттото издание на Фестивалот за краток филм „Астерфест“ ќе се одржи од 13 до 15 август, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Нови мотивации“. Овогодишен лауреат на наградата „Астер“ за животно дело е Јан Качер, еден од најеминентните чешки и европски актери и режисери. Во официјална интернационална конкуренција се 24 кусометражни играни, документарни и анимирани […]
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чеврески почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. Играше во повеќе македонски и југословенски филмови, добитник е на повеќе награди, а минатата година на Четиринаесетиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, што се одржува во Струмица, ја доби наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на […]