fbpx

Костадинов го отвори „Астерфест“

 Костадинов го отвори „Астерфест“

-Нашата Струмица од вечерва е во филмска магија благодарение на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ кој годинава го доживува своето 18-то издание, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Да имаше фестивалов човечки особености, тогаш вечерва ќе ја славевме неговата полнолетност, а во овие пет фестивалски денови „Астерфест“ ќе го полагаше својот испит на зрелоста. Но, по заслуга на „главниот виновник“ Горан Тренчовски, зрелоста на фестивалот е веќе докажана, а ние сме сведоци како истиот, од година во година, таа зрелост ја потврдува се повеќе и повеќе. Така ќе биде и со годинашната програмска понуда со бројни филмови од земјата и странство, зад кои стојат и еминентни филмски автори. Да уживаме во „Астерфест“ и струмичкиот амфитеатар нека биде вистинското место за споделување љубов, среќа и задоволство, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link