fbpx

Голем пожар избувна кај селото Николиќ, во Дојран

 Голем пожар избувна кај селото Николиќ, во Дојран

-Силен пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Постои опасност од негово брзо ширење поради ветрот. Упатен е големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона, информираа од Центарот за управување со кризи.

Според информациите оттаму пожарот се шири бргу заради силниот ветар, а го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и ЈП „Национални шуми“.

Фото: ЦУК

Share via
Copy link