fbpx

Во сообраќајка во Струмица тешко повредена 63 годишна жена од Турција

Вчера во 17:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управуванно од С.А.(52) од Струмица и патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.П.(25) од село Просениково, струмичко, информираа денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.А.(63) од Република Турција, со привремен престој во село Еднокуќево, сопатничка од патничкото возило „цитроен“, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link