Соопштение на Општина Ново Село за пожарот на депонија „Солена Река“
Почитувани,
Општина Ново Село во соработка со ЈПКД „Комуна“ Ново Село и ПП Единица Ново Село се на терен веќе неколку дена, и прават реални напори за гаснење на пожарот кој избувна на депонијата, и во моментот е под контрола. Екипите се се уште на терен и ќе ја следат ситуацијата.
Општина Ново Село во повеќе наврати упатуваше апел до граѓаните да бидат совесни и да не го палат ѓубрето на депонијата „Солена Река“ во Ново Село, меѓутоа одредени несовесни граѓани и понатаму продолжуваат да го прават тоа, создавајќи опасност и загадување на воздухот.
Општината уште еднаш упатува голем апел до граѓаните, да бидат претпазливи и одговорни кога се движат во предели каде има лесно запаливи материјали, а особено во пределот на депонијата, која поради положбата на теренот е напорно да се контролира.
ЈПКД „Комуна“ Ново Село, почнувајќи од денеска, ќе постави чуварска служба на депонијата за да се избегнат идни несакани појави.