„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци
Општина Василево информира дека заради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во деновите четврток, петок, сабота и недела, (27,28, 29 и 30 01.2022 година) ќе има прекин во одвивањето на сообраќајот на споменатиот локален пат. Сообраќајиот ќе се врши по околниот земјен пат, познат како „каменица“.
Според планираните активности на изведувачот, од понеделник, 31.01.2022 година состојбата ќе биде нормализирана и локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци повторно ќе биде отворен за користење.
Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на овој проект, општина Василево како инвеститор очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот во наведените денови