Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Спасовски на традиционален 30. Меѓународен фестивал – “Пролетни веселби“ – Хид Бах Шен Фест во Чалакли
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати на традиционалниот 30. Меѓународен фестивал – “Пролетни веселби“ – Хид Бах Шен Фест, во валандовско Чалакли.
„Оваа убава манифестација, како дел од културно-фолклорното наследство на турската заедница, но и како дел од меѓусебната македонско-турска сплотеност на ова наше поднебје претставува еден од многуте примери за богатиот етнички спектар длабоко фундиран во културниот, историскиот и општествениот развој на нашата историја и држава. Таа позиција изградена низ децениите заеднички соживот со лојалност, меѓусебна почит, добронамерност, солидарност и уважување е реален респектабилен доказ како треба да се гради и развива граѓанското општество”, истакна Спасовски.
Министерот Спасовски потенцирајќи ја решителноста на институциите на Република Северна Македонија да ги чуваат различностите, истакна:
„Република Северна Македонија, нејзините институции од своето осамостојување до денеска постојано ја демонстрира својата решителност и дејствување како држава, во континуитет да ги чува и негува различностите, шареноликоста на културно-историски наследства, како неспорен фундамент што го гради заедништвото, што билатерално и регионално уште повеќе зближува, што не покажува пред светот како отворени и толерантни”, рече министерот Спасовски, оддавајќи признание на организаторите, но и на сите учесници на Меѓународниот фестивал со уверување дека оваа манифестација како досега, така и во годините пред нас, ќе биде повеќе од успешен наш презентер на земјава пред светот во претставувањето на нашите хуманистички и културни вредности, на нашата тесна традиционалистичка испреплетеност и поврзаност, говорејќи за широчините на духовниот светоглед на нашите граѓани.