„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Србин криумчарел мигранти, приведен на преминот Стар Дојран
На 04.02.2023 во 12:00 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишиле од слобода М.К.(47) од Република Србија, соопштија денеска од МВР.
Во содејство со царински службеници била извршена контрола во товарното возило „даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени 20 лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.