fbpx

Средба на градоначалникот Костадинов со директорот на „Паркиралишта“

 Средба на градоначалникот Костадинов со директорот на „Паркиралишта“

Третманот на паркирањето во Струмица е една од приоритетните теми од која зависи секојдневното и нормално функционирање на жителите и самиот град, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Со Директорот Митко Бујуклиев ја имавме првата работна средба на која беа поставени јасни цели и задачи со кои ќе се контролира паркирањето во Струмица од секоја гледна точка. Истовремено, ќе се работи и на програма за унапредување иосовременување, напиша Костадинов.

Додаде дека се работи интензивно, како што вели „затоа што за тоа сме избрани ‐ да служиме на интересите и потребите на сите граѓани“

Share via
Copy link