fbpx

Средба на градоначалникот Костадинов со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин

 Средба на градоначалникот Костадинов со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, беше домаќин на амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.

Општина Струмица и Амбасадата на Руската федерација негуваат долги пријателски односи, а од 2013 година, Струмица е збратимена со градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација и воспоставена соработка во повеќе области.

На средбата се разговараше за досегашната соработка и се разгледуваа можностите за продлабочување на истата, што впрочем е заедничка желба и цел, а во интерес на двата народа.

На средбата беше посочено дека Струмица е отворена Општина за соработка, размена на искуства и добри практики кои ќе го унапредат нејзиниот развој и ќе обезбедат поквалитетен живот на граѓаните.

Share via
Copy link