fbpx

ССОУУД „Димитар Влахов“ го одбележа Светскиот ден на здравјето

 ССОУУД „Димитар Влахов“ го одбележа Светскиот ден на здравјето

-Здравјето е нашето најголемо богатство, а неговата заштита треба да ни биде приоритет секој ден.Заштитата на здравјето беше и целта на денешниот настан што по повод 7 април -Светскиот ден на здравјето го организираа учениците и професорите од струката – здравство и заштита при СОУУД „Димитар Влахов“ во Градскиот парк.Им благодарам на учениците за услугите што ни ги дадоа мене и на минувачите и им посакувам многу успех во учењето и да станат добри здравствени работници кои секогаш ќе бидат во служба на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link