fbpx

Старец прегазен од „голф“ во Ново Коњарево

На 01.11.2022 во 17:00 часот  во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во село Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од село Ново Коњарево.

Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link