-Градоначалникот Костадин Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и вчера го стави својот потпис на Колективниот договор со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во општина Струмица. Договорот предвидува и зголемување на платите на сите вработени во Општина Струмица, како и на вработените во сите јавни претпријатија […]
-Летото е како создадено за реализација на вакви и слични проекти, па од ден на ден градежната офанзива во општина Струмица ќе зема се поголем замав. На тој начин довербата од граѓаните ја оправдуваме максимално.Овде во Костурино продолжува изведбата на нови секундарни канализациони краци, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -Оваа активност се спроведува согласно барањата на […]
Денеска, се оствари средба помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, претседателите на синдикалните организации во Општина Струмица и Јавните комунални претпријатија со Градоначалникот на Општина Струмица , Kostadin Kostadinov . На задоволство на работниците и нивните претставници, Градоначалникот Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во […]
Со посебна чест и почит, денеска, на денот кога ако беше жив ќе наполнеше 66 години, говорев за трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и положив цвеќе пред неговиот споменик, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Претседателот Трајковски беше на рамништето на најистакнатите архитекти и неимари на мирот во европски и светски рамки, но и олицетворение […]
Бугарија односно бугарските политичари нека си ги преиспитат позициите. Отворен Балкан е нештото кое е и мора да биде во нашиот фокус во периодот кој следува!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Пред споменикот подигнат во нивна чест, денеска, беше одбележана 21-годишнина од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт во 2001 година. Свежо цвеќе положија претставници на семејствата, на Советот на општина Струмица предводени од претседателот Марјан Даскаловски, претставници на СВР Струмица, политички партии и здруженија на граѓани. За бранителите Китанов и […]
Советниците ги усвоија Правилниците за финансиска поддршка за деца со надмината возраст во една наставна година и за доделување на стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Струмица за една наставна година.На денешната седница беше усвоена измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈПКД „Комуналец – Струмица” Струмица за 2022 […]
Синдикатот при ЈПКД„Комуналец„ Струмица денес се приклучи кон Генералниот штрајк организиран од Сојузот на Синдикати на Македонија. Сојузот на синдикатите на Македонија имајќи во предвид дека води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, […]
Деновиве Општина Струмица реализираше неколку активности предвидени во програмите за реализација за 2022 година. -Се уреди дел од тротоар со бехатон плочки на улица „Цветан Димов“ на површина од околу 200 метри квадратни, a се бетонираше и сокак на улицата „Маршал Тито“ спроти старата Памучна.Во моментот се работи на санација на потпорни ѕидови и бетонирање […]
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“, финансиски поддржан од Општина Струмица. -Зошто овој проект? Како општество и како граѓански организации често сме посветени на афирмација и промовирање на основните човекови права, но не секогаш го опфаќаме како право она што со кое […]