Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Струмичанец потешко повреден во сообраќајка на патот меѓу Белотино и Попчево
Вчера околу 22:10 часот на регионален пат село Белотино – село Попчево, струмичко, патничко моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Струмица, излетало надвор од колoвозот, соопшти МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.